Вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ на 23 декември

Протест на ВМРО-ДПМНЕ

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осуди, како што се наведува во соопштението по синоќешната седница, политички монтираните обвиненија за тероризам и неоснованите притвори кои им беа изречени на партиски членови, уметници, актери и лица поврзани со настаните од 27-ти април. Во соопштението се додава дека „ваквото безумие од страна на СДС ја турка државата во уште подлабока криза и затоа мора да се преземат идни чекори со кои ќе се стави крај на политичкиот прогон и политичкиот реваншизам“. Согласно статутот на партијата, Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи да му предложи на Централниот комитет на следната седница да започне процедура за организирање вонреден Конгрес на партијата на 23 декември годинава.