Протести во Израел против корупција

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Илјадници луѓе протестираа во Израел против корупцијата. Власта предлага Нацрт-законот со кој ќе се блокира израелската полиција да објавува наоди и да дава препораки до обвинителството за обвиненија поврзани со јавните службеници.

Критичарите велат дека со промените информациите за кривичните истраги за премиерот Бенјамин Нетанјаху ќе се држат настрана од јавноста.

Премиерот е осомничен за вмешаност во две истраги за корупција и злоупотреба на службената должност, вклучувајќи ги и тврдењата дека Нетанјаху добил подароци од холивудскиот магнат од Израел, Арнон Милчан и австралискиот милијардер Џејмс Пакер.