Од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение реагираат дека ниту претседателот на партијата Никола Груевски, ниту Сашо Мијалков немаат никаква поврзаност со приватизацијата на фабрики во Србија. Во соопштението се наведува дека Груевски и Мијалков не извлекувале пари од Македонија за да купуваат фирми во Србија. Од партијата велат дека се лиферуваат вакви информации, за, како што велат, да се сокријат сите антидржавни политики.
„Изнесените наводи во интервјуто кое го пренесуваат порталите блиски до СДСМ се целосно неточни и најостро ги демантираме“, стои во соопштението.
Вчера дел медиуми го пренесоа тврдењето на српскиот опозиционер Вук Јеремиќ, според кого, уѓе блиски до експремиерот Груевски и неговиот братучед Мијалков купуваат фирми во Србија, во дослух со владата на Александар Вучиќ.