Демонстрантите порачаа: „Не можат да го скршат ВМРО“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Пред Кривичниот суд продолжија протестите на поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ против притворањето на осомничените за насилствата во Собранието. Според нив, одлуката на собраниската комисија да им го одзеде имунитетот на пратениците е врвен доказ за непостоење на правен систем и непочитување на Уставот.