Советот за утврдување на обвинителни акти го прифати обвинението на Специјалното јавно обвинителство за предметот „Тенк“, потврдија за МИА од СЈО.
Сè уште не е утврден датумот за почеток на судењето ниту е определен судија кој ќе го води предметот.
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Случајот „Тенк“ се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и началникот за јавни набавки Ѓоко Поповски за набавка на луксузниот мерцедес вреден над половина милон евра, со што му нанеле штета на државниот буџет.
Апелациониот суд Скопје на 8 ноември одлучи прислушуваните разговори за набавката на мерцедесот да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“.