Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, синоќа во неговиот кабинет одржа средба со премиерот Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Тема на разговор, како што соопшти кабинетот на Иванов, беа актуелните случувања и можните решенија за излез од актуелната состојба на напнатост во државата што предизвикува загриженост кај граѓаните. „Целта на средбата беше да се поттикне помирување и нормализирање на политичките процеси во Република Македонија. Присутните на средбата се согласија разговорите да продолжат и во иднина, се наведува во соопштението. Средбата се одржа по вчерашното приведување на 36 лица за насилставата во Собранието на 27 април. Тие се товарат за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста на државата.