Одложена собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2018

Седница на собраниската Комисија за финансирање и буџет

Седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет, на која требаше да се расправа за Предлог-буџетот за 2018 година, е одложена, изјави за МИА претседателката на Комисијата, Лилјана Кузмановска.

Таа не прецизираше кои се причините за нејзиното одложување, ниту пак кога ќе биде закажано продолжението на седницата.

Утринава беа уапсени десетици луѓе, меѓу кои и пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, осомничени за насилствата во Собранието на 27 април. Тие се изведени на распит во судот во Скопје. Опозицијата поради тоа најави протести пред судот.

Собраниската расправа за Предлог-буџетот за 2018 година почна вчера во матичната Комисија за финансирање и буџет. Според Деловникот за работа, расправата требаше да трае 10 работни дена.