Чавков и другите приведени даваат искази во суд

Поранешниот министер за внатрешни работи и директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков и повеќе други лица изутринава се приведен по налог на Јавното обвинителство, јави МИА, повикувајки се на МВР.

Чавков во моментов е во Кривичниот суд каде дава исказ пред судија на претходна постапка. Од судот за МИА информирале дека во моментов и повеќе други лица се изведени пред судија на претходна постапка кој постапува по писмен поднесок од ОЈО во врска со настаните во Собранието од 27 април.

Митко Чавков за време на настаните во април раководеше со оперативниот штаб на МВР. Од пониските структури од МВР тој беше посочен дека два часа не давал наредба за дејствување на полицијата, со што го довел во опасност животот на пратеници и новинари.

Покрај Чавков, приведени се и други лица, меѓу кои, и пратениците Крсто Муковски, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски, како и актерот Владо Јовановски, Горан Ангелов – Ќосето од Велес.