Потпретседателот на Атлантскиот совет во Вашингтон, Дејмон Вилсон за Глас на Америка изјави дека „сега е вистинско време за обновен американски ангажман на Западен Балкан“. Атлантскиот совет утре ќе објави извештај за можната американска стратегија за Западен Балкан. Во него, како што вели Вилсон, се порачува дека е време САД повторно да покажат јасна визија оти Западен Балкан ќе биде дел од трансатлантската заедница. Вилсон оценува дека ако САД останат неодлучни, ќе се создадат услови за погрешна ситуација, како што се случи со Македонија во 2008-та година, кога државата не успеа да влезе во НАТО на самитот во Букурешт.