Докторот Николче Дамчевски, специјалист по гинекологија и акушерство е виновен за случајот во кој водел пациентка како бремена сè до терминот за породување кога и соопштил дека воопшто не постои бременост, потврди Второстепениот совет при Судот на честа на Лекарската комора на Македонија.
На седницата одржана на 23 овој месец, Второстепениот совет ја потврдил одлуката донесена од Првостепениот судски совет и ја му ја одзеде лиценцата за работа во траење од седум години, се вели во соопштението од Лекарската комора.