БПЦ решава за барањето на МПЦ, пред Синодот во Софија собир за поддршка

Патријархот Неофит, поглавар на Бугарската православна црква.

Бугарската православна црква претпладнево во Софија заседава за барањето на Македонската православна црква да и стане мајка - црква. Како што јавува бугарската национална телевизија БНТ додека трае состанокот на Светиот синод, од утрината пред неговото седиште на „молчаливо бдеење“ се собрани потписниците на писмото за поддршка до БПЦ да го уважи барањето на МПЦ. На нив, како што се јавува, им се придружи и Красимир Каракачов, вицепремиер и министер за одбрана на Бугарија. Во изјава за медиумите тој вели дека тие се собрале за да го охрабрат Светиот синод, бидејќи знаеле дека имало надворешен притисок против правилното решение. Тој додава дека излегле пред синодот за да му покажеле дека Бугарите одобруваат таква одлука.

Потписниците на писмото за поддршка до Светиот синод и патријархот Неофит наведуваат дека како на луѓе што долги години го следат проблемот со независноста на Македонската православна црква им било јасно дека бугарската патријаршија има основа категорично да ја поддржи „историската вистина за потеклото на возобновената како Македонска православна црква-Охридска архиепископија како и нејзиното егзархиско наследство“.

Светиот синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија на 9 ноември испрати писмо до Бугарската православна црква во кое бара од нив да бидат нивна црква-мајка ако ја признаат афтокефалноста на МПЦ-ОА.