Притворот на градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко му е заменет со мерка куќен притвор, по добиено позитивно мислење од Специјалното јавно обвинителство (СЈО), потврдиле од Кривичниот суд Скопје за МИА.
Темелко беше притворен пред два месеца на барање на СЈО зашто е обвинет во предметот за изборни нерегуларности „Титаник“, а не ја почитувал мерката на претпазливост за која му беше определена забрана за напуштање на државата.