Висока загаденост на воздухот во Македонија

Загаден воздух во Тетово

Висока концентрација на ПМ 2,5 честички е регистрирана изутрината во станиците за мерење на загаденоста на воздухот во Општина Центар, Битола, Тетово и Куманово.

Концетрацијата на ПМ 10 честичките е висока во сите скопски општини, како и во Битола, Тетово, Кавадарци и Куманово, додека на средно ниво е во Кичево, Велес и Кочани.

Мерењата покажуваат секојдневен пораст на загадувањето и надминување на среднодневната гранична вредност на ПМ10 која изнесува 50 микрограми на кубен метар.