Градските власти на Истанбул не го дозволија денешното јавно емитување на филм за правата на ЛГБТ заедницата.
Според градските власти, настанот кој требаше да се одржи во населбата Бејоглу претставувал опасност за јавниот ред и мир, како и за безбедноста во метрополата. Истанбулските власти го забранија одржувањето и на геј парадите во изминатите две години, а обидот на организаторите сепак да маршираат помина со инциденти.
Претходно, властите во Анкара не дозволија да се одржи филм на германски хомосексуални филмови и го забранија одржувањето на сите слични настани и собири.