Врховниот суд ги укина пресудите за „Монструм“ и го врати случајот на повторно судење. Судот донесе пресуда со која ги уважува жалбите на обвинетите за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро, што се случи во 2012 година.
„Врховниот суд на Република Македонија донесе пресуда по предметот Вкж2 бр.3/2016, познат во јавноста како „Монструм“, со која жалбите на одбраната се уважени, а првостепената и второстепената пресуда се укинати и предметот е вратен на првостепениот суд на повторно одлучување“, стои во денешното соопштение од Врховниот суд.
Со оваа пресуда на највисокиот суд во земјава се укинати пресудите на Кривичниот и на Апелацискиот суд Скопје, со кои шест лица беа осудени на доживотна казна затвор и предметот се враќа на повторно судење.
Кај Смилковското Езеро на 12 ти април 2012 та година пред големиот христијански празник Велигден, беа убиени четири момчиња, Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.