Скопскиот градоначалник Петре Шилегов денеска потврди дека издал налог за да се почне постапка за дислоцирање на галиите од реката Вардар.
„Ги испитуваме позициите на сите три објекти и визави таа позиција ќе бидат донесени соодветни решенија. Галиите во Вардар се небезбедно решение за граѓаните на Скопје“, потенцира Шилегов.
На новинарско прашање за состојбата со депонијата Дрисла и со шпекулациите дека таму се гори радиоактивен отпад, Шилегов побара трпение од скопјани и потсети дека помалку од еден месец е на функцијата градоначалник. Најави дека набргу ќе излезат со целосна анализа.