Активистка на криминските татари почина при приведување

Крим-приведување на татарски активисти, 23.11.2017

Руските власти на анектираниот украински полуостров Крим уапсиле седум татарски активисти со обвинение дека наводно од турски државјанин изнудувале 7 илјади долари. Татарската заедница на полуостровот се противи на руската анексија. На една од уапсените активисти, која имала 83 години, откако и се слошило е однесена во болница каде што и починала, јавуваат агенциите. Адвокатот кој ги застапува тврди дека жената била земена за во притвор со амбулантно возило и дека не им било дозволено да посетат тројца од уапсените.