Основниот суд Скопје 1 го прифати обвинението за случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство. Во „Топлик“ обвинети се шест лица, меѓу кои и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески за продажбата на градежна парцела за изградба на населбата Сончев Град во скопско Сопиште.
За „Топлик“ снимките од прислушуваните разговори се прифатени како докази.