Заев: Моделот за иднината почнува со почитување на сите заeдници

премиерот на Македонија Зоран Заев

„Моделот за иднината почнува со почитување на сите заeдници. Тој модел повикува да градиме држава и општество за сите во кое културите ќе соработуваат, ќе се надополнуваат и меѓусебно ќе се збогатуваат“. Ова го изјави премиерот Зоран Заев на синоќешната завршна свеченост во Битола, организирана по повод 22 ноември, Денот на албанската азбука. Премиерот Заев нагласи дека со чествувањето на Денот на албанската азбука се потврдува заедничката определба за почитување и за унапредување на етничката и културната разноличност, односно богатството на Република Македонија. Според него, во државата се гради едно и единствено општество, еднакво за сите.