Земјотрес со интензитет од 5,3 степени според Рихтерова скала ја погоди синоќа провинцијата Мугла, на егејското крајбрежје на Турција. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета. Сеизмолошкиот институт Кандили во Истанбул соопшти дека епицентарот на потресот се наоѓал на 31 километар југоисточно од провинцијата Мугла, на длабочина од десетина километри под површина на земјата и бил почувствуван во соседните окрузи.