Тврдокорни: ДПМНЕ да му се врати на ВМРО
Вашиот пребарувач не подржува HTML5
Здуженијата Тврдокорни, Македонски обединети сили и Македонски национален совет вечерва одржаа протест против двојазичност во Македонија. Протестот го почнаа пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, од каде побараа „ДПМНЕ да му се врати на ВМРО“, по што продолжија пред Собранието. Организаторите, бараат од пратениците да не го гласаат Законот за јазиците за кој велат дека е „културен геноцид врз македонската нација“.