Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска Интеграција (МАЕИ), апелира македонските институции итно да ги преземат сите потребни чекори и да го ослободат од затвор лидерот на партијата и градоначалник на Пустец Едмонд Телко.
"Едмонд Темелко кој е во истражниот затвор во Скопје се наоѓа во крајно сериозна здравствена состојба. Неговите роднини не информираа дека не му е дозволено да користи здравствена заштита што е спротивно на сите универзални права. Иако до македонските судовии беа доставени и соодветни лекарски докази, тие одбиваат да му овозможат користење на потребната здравствена нега," посочува МАЕИ во барањето.
Според партијата, држењето во притвор на Темелко во крајно сериозна здравствена состојба е чин на злосторство кој не и служи на чест на македонија и претставува навреда за сите Македонци во Република Албанија. Темелко е во притвор е од 26 септември.