Младиќ осуден на доживотен затвор

поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, Хаг, 22.11.2017.

Трибуналот на Обединетите нации во Хаг оцени дека поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, е виновен за 10 од 11 точки од обвинението за воени злосторства и злосторства против човештвото, вклучувајќи и геноцид. Тој е осуден на доживотен затвор. Претходно Младиќ беше отстранет од судницата во Хашкиот трибунал, откако без дозвола од судијата почна да вика „Лаги“ и да му се противи на судот, кој во моментов ја изрекува пресудата против него.