Младиќ отстранет од судницата на Хашкиот трибунал

Поранешниот воен командант на босанските Срби, генерал Ратко Младиќ, беше отстранет од судницата во Хашкиот трибунал, откако без дозвола од судијата почна да вика „Лаги“ и да му се противи на судот, кој во моментов ја изрекува пресудата против него.

Претходно имаше непредвидено долга пауза во која на Младиќ му бил измерен притисокот, по што одбраната, со образложение дека има висок притисок, побара прекинување на изрекување на пресудата или да се прескокне читањето на образложението и веднаш да се соопшти пресудата.

Судскиот совет сепак рече дека здравствените проблеми на Младиќ не се толку големи и одлучи да продолжи со читање на пресудата.

Младиќ е обвинет за геноцид во Сребреница, прогон на муслиманите и Хрватите во Босна и Херцеговина, терор врз населението на Сараево со долгогодишното гранатирање и земање припадници на УНПРОФОР за заложници.