Одложена комисиската расправа за Предлог-законот за јазиците

Артан Груби, претседател на Комисијата за европски прашања

Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија, пратеникот Артан Груби ја одложи шестата седница закажана за утре, на чиј дневен ред беше второто читање на Законот за употреба на јазиците, се вели во соопштението од Комисијата. Груби за Телевизија 24 изјавил дека ја откажал седницата за да нема дефокусирање од тоа што во моментов е најзначајно и итно.

Инаку, за Предлог-законот за употреба на јазиците се поднесени 90 амандмани, од кои 84 се на ВМРО ДПМНЕ, четири на СДСМ и два на Беса.