Вкупно 90 амандмани се поднесени за Предлог-законот за употреба на јазиците до Комисијата за европски прашања во Собранието до завршувањето на рокот.
Најмногу, 84 амандмани поднела опозициската ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ четири и Беса два.
Седницата на Комисијата за европски прашања, на која ќе се разгледуваат амандманите, е закажана за утре во 15 часот, а треба да трае три дена.
И ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ и Беса по завршувањето на општата расправа на предлог-текстот најавија амандмани.