Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски му се пожалил на еврокомесарот Јоханес Хан дека власта ги игнорира и не ги вклучува во реформските процеси, туку само бара јавна поддршка од нив.
Груевски се пожалил и дека неодамна завршените локални избори биле најлошо спроведените избори во Македонија, на кои полицијата била користена за заплашување на граѓаните, се наведува во партиското соопштение. Груевски исто така изразил загриженост за нивото на политички притисок врз судството, кој се пресликува и во медиумите и економијата.
Груевски, заедно со членовите на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски и Александар Николоски, вчера се сретна со Хан.