Синдикати бараат запирање на присилната наплата

Kомора на извршители на Република Македонија

Пред триумфалната порта во Скопје денеска граѓани побараа запирање на присилната наплата што ја применуваат извршителите.

Сидикалци и невладини организации тврдат дека има потреба од ревизија на работата на извршителите, нотарите и доверителите, враќање на работата на извршителите во судовите, како и утврдување на реален и нереален долг.

Потписите за Иницијативата ги собираат Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија и здруженијата „Но пасаран“ и „Гласен текстилец“.

Според нив над 200 илјади луѓе се заробени со извршни одлуки од кои десетици илјади се се уште блокирани и не можат да се одблокираат.