Над 224 илјади сириски бегалски бебиња родени во Турција

Министерот за надворешни работи на Турција Мевљут Чавушоглу

Повеќе од 224 илјади бебиња на сириски бегалци се родени во Турција во изминатите шест години, односно од почетокот на граѓанската војна во Сирија. Ова го соопшти турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу. Според него, во Турција моментно има вкупно 976 илјади сириски деца кои посетуваат училиште. Од нив, 620 илјади почнале образование во Турција. Според турското МНР, во Турција има 3,3 милиони сириски бегалци. Околу 17 илјади Сиријци се на универзитети во Турција, објави Хуриет Дејли Њуз.