Владата предлага измени на Законот за заштита на сведоци

Илустрација

Владата на синоќешната седница усвои Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на сведоци. СЈО инсистираше на промена на овој закон за самите тие да може да одлучат кој ќе биде вметнат во програмата за заштитени сведоци, зашто се плашат од протекување на информации. Досегашниот Закон предвидува во целата постапка да бидат вклучени најмалку шест луѓе надвор од Специјалното обвинителство.