Рускиот претседател Владимир Путин им изјави на лидерите на сепаратистите од источните украински региони Луганс и Доњецк дека се согласува со планот за размена на затвореници со Киев. Ова е прво јавно објавување за директен контакт на Путин со сепаратистичките сили. Кремљ соопшти дека Путин телефонски разговарал со сепаратистичките лидери на кои им кажал дека треба да соработуваат со украинските претставници во врска со ова прашање. Русија официјално демантира секаква инволвираност во конфликтот во двата региона каде што сепаратистите ја имаат контролата врз некои делови од пролетта 2014 година.