Опозициската Словенечка демократска партија (СДС) на Јанез Јанша денеска покрена уставна тужба против словенечкиот премиер Миро Церар поради неговата одлука за стопирање на постапката за депортација на еден сириски мигрант во Хрватска.
„Премиерот ја злоупотреби својата позиција и за неприфатливата постапка заслужува кривичен прогон. Затоа бараме покренување на уставна тужба“, изјави пратеникот на СДС, Винко Горенак.
Случајот за кој СДС го обвинува Церар се однесува на депортацијата на сирискиопт бегалец Ахмад Шами, кој од Хрватска пристигнал во Словенија. Словенечките судови решија дека тој илегално влегол во земјата и согласно Даблинските прописи требало да побара азил во Хрватска.