Средбата на претставниците на Грција и на Македонија со медијаторот Метју Нимиц што требаше да се одржи на 20 или 21 ноември е одложена и презакажана за почетокот на декември, потврдија за РСЕ извори од Министерството за надворешни работи на Република Македонија.
Причините за одложувањето на средбата засега не се посочуваат.
На средбата, што беше закажа подолга пауза, според грчките медиуми, Нимиц требало да излезе со конкретен предлог за решавање на спорот.