Османи и Димитров на средба со Хан за европската агенда на Македонија

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи и евромесарот Јоханес Хан во Брисел

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи на денешната средба во Брисел со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан истакнал дека 2018 година за Македонија претставува историска шанса кога сите коцки се наредени за да се направи клучниот исчекор и конечно да се затвори прашањето за НАТО и ЕУ.

На средбата на која присуствувал и шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, како што е наведено во соопштението, биле отворени сите прашања поврзани со европската агенда на Македонија. Селмани потенцирал дека по завршувањето на изборите реформите се повторно во фокусот на Владата чија интенција е во целост да ги инкорпорира во Планот 3-6-9 сите забелешки и барања од страна на меѓународните партнери и истиот во целост да го имплементира.

„Нашата намера е до крајот на оваа година да испорачаме солиден напредок во имплементацијата на реформите кој би ни обезбедил отстранување на условеноста на препораката, нешто што соодветно на испорачаните реформи, очекуваме да резултира со позитивен извештај и чиста препорака од страна на Комисијата во април, следната година“, истакнал Османи.