ЕУ започна јавни консултации за лажни вести и дезинформации на интернет при што ќе биде формирана и група на експерти во напорите да се направи стратегија за справување со овие закани до пролет, 2018 година. ЕК соопшти дека консултациите се во тек во услови на постојана загриженост за како што наведуваат западните земји, напорите на Русија за промена на јавно мислење и влијание врз избори.
Експертската група која ќе биде сочинета од претставници на невладини организации и академијата се очекува да започне со работа на средината на јануари во наредната година.