Актуелниот претседател на Словенија Борут Пахор победи на вчерашниот втор круг од претседателските избори, со што освои втор мандат на функцијата шеф на словенечката држава, покажуваат првичните нецелосни изборни резултати. 54 годишниот Пахор, поранешен модел и познат како „Крал на Инстаграм“ освоил 53,64 проценти од гласовите, додека неговиот противкандидат, поранешен комичар и сегашен градоначалник на Камник, Марјан Шарец добил 46,36 отсто гласови. Шарец веќе го призна изборниот пораз и му честиташе на Пахор. Пахор, кој е поранешен лидер на партијата Социјални демократи и беше словенечи премиер од 2008 до 2012 година, на овие избори настапи како независен кандидати.