На гласачкото место 2901 во општина Чаир каде се прегласува вториот круг од Локалните избори, дo 17 часот на гласање излегле 34,9 проценти од запишаните избирачи, соопшти Државната изборна комисија (ДИК), наведувајќи дека се гласањето одвива непрекинато и без проблеми.
Портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска на прес-конференција информира дека до 17 часот од вкупо запишани 719 избирачи на гласање излегле 251, односно 34,9 отсто.
Првичните резултати од гласањето, како што посочи Гугучевска, ДИК ќе ги објави на веб-странцата rezultati.sec.mk по 19 часот откао ќе бидe завршени броењето и сумирањето на гласовите.
Таа потсети дека запишаните избирачи од Избирачкото место 2901 и денеска имаат можност доколку е повредено нивното избирачко право да достават приговор до ДИК во рок од 24 часа и соопшти дека до сега до ДИК не е доставен ниту еден ваков приговор.
На граѓаните, како што рече, на располагање и денеска им стои бесплатната телефонска линија на ДИК за пријавување на непрвилности 0800 555 44.