Затворени 13 угостителски објекти во Скопје

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

Во синоќешна заедничка акција на Полицијата, Управата за јавни приходи, Државниот пазарен инспекторт и Инспекторатот за труд, затворени се 13 угостителски објекти во Скопје, соопштува МВР.

Портпаролот на МВР Тони Ангеловски вели дека акцијата е спроведена врз основа претходно изготвени анализи и оператвни сознанија дека во голем број угопстителски објекти не се почитуваат законските прописи за работното време, точење алкохол на малолетни лица, неиздавање на фискални сметки и друго.

Надлежните извршеле контрола во 24 угостителски објекти во Скопје, во осум било евидентирано присуство на малолетни лица, а приведени се четири малолетници, двајца за користење на наркотични средства, а двајца за утврдување идентитет.

Поради утврдени неправилности затворени се 13 угостителски објекти, а повикани се пет сопстеници на угостителски објекти.

СВР Скопје спровела и зајакната акциска контрола за управување возила под дејство на алкохол.