Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин повторил дека не се мешал во минатогодишните избори во САД. Трамп и Путин денска се сретнаа на маргините на самитот на азиско-пацифичката економска соработка во Дананг, Виетнам.
„Можете да го прашувате колку сакате, но тој рече дека апсолутно не се мешал во нашите избори“, изјави Трамп.
Путин наводите за мешање во минатогодишните американски претседателски избори ги окарактеризира како „бесмислени.“