Нема веќе поднесување годишни даночни пријави

Поднесување годишна даночна пријава во УЈП

Граѓаните ќе немаат обврска да поднесуваат до Управата за јавни приходи годишна даночна пријава за остварени дополнителни приходи.

Ова е предвидено со измените и дополнувањата на Законот за персонален данок на доход кои беа разгледани на вчерашната владина седница.

Според предлог-законот, наместо граѓаните тоа ќе го прави УЈП, а граѓаните ќе треба само да ги потврдат или коригираат информациите во пријавата.

Оваа година за приходи остварени во 2016 година се поднесени околу 400 илјади годишни даночни пријави.