Пратениците го усвоија Извештајот на Народниот правобранител

Собранието на Република Македонија попладнево го прифати Извештајот на Комисијата за политички систем за спроведување на препораките за надминување на констатираните состојби содржани во Извештајот на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права за 2016 година.

Со ова, според координаторот на пратеничката група на СДСМ Томислав Тунтев, се поправа грешката со неусвојувањето на Извештајот направена на претходната седница, како што рече, поради недоволна координација на пратеничките групи и на претседателот на Парламентот Талат Џафери.

Тунтев информира дека тоа е направено во договор на четирите најголеми политички парламентарни партии. Пред да се најде на дневен ред на денешната седница за него вчера расправала Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, но како нејзин Извештај за препораки кои произлегуваат од состојбите констатирани во Извештајот на Народниот правобранител.