Бејли бара интензивирање на почнатите реформи

Премиерот Зоран Заев и амбасадорот на САД Џес Бејли се согласија дека по успешниот изборен процес се создадени околности Владата да се фокусира поинтензивно на најавените и почнати реформски процеси. На денешната средба со премиерот Заев, Бејли препорача државните институции да ги имплементираат препораките на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и истакна дека особено е потребно да се стави акцент во делот на владеењето на правото и борбата против организираниот криминал и корупција на национално и на локално ниво.

Заев, како што соопшти владината прес-служба, истакнал дека по крајот на политичката криза и успешно спроведените избори, треба да настапи период во кој Владата целосно ќе се посвети на интензивирање на реформите за економски развој на земјата, како и на динамизирање на процесите за евро-атлантските аспирации.