Апелациониот суд одлучи „бомбите“ да бидат доказ во случајот „Тенк“

Архивска фотографија: Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во Апелациониот суд Скопје на 21 јули 2017

Апелациониот суд Скопје одлучи прислушуваните разговори за набавката на луксузниот мерцедес од над половина милон евра да бидат доказ во судењето за случајот „Тенк“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот „Тенк“ се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување од страна на поранешната министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и началникот за јавни набавки Ѓоко Поповски, со што му нанеле штета на државниот буџет.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

СДСМ: Гордана Јанкулоска и Никола Груевски 2

На вчерашната седница во Апелациониот суд, Јанкулоска побара „бомбите“ да не бидат користени како докази со образложение дека ѝ била нарушена приватноста.

Апелациониот суд досега одлучи „бомбите“ да бидат докази во случаите „Тендери“, „Насилство во Центар“, „Триста“, „Топлик“ и „ТНТ“.