Иван Џолев – Нов претседател на скопскиот Кривичен суд

Архивска фотографија: Судскиот совет

Судијата Иван Џолев е нов претседател на Основниот суд Скопје 1, одлучи денеска Судскиот совет. За местото претседател на судот се бореа и судиите Владимир Панчевски, Ивица Стефановски, Верка Петковска, Осман Шабани, Ѓоко Ристов и Весна Димишкова.

Нов претседател на скопскиот Кривичен суд се бира откако в.д. претседателот Стојанче Рибарев на 25 октомври поднесе оставка од лични причини. Ова се случи откако Специјалното јавно обвинителство го сослуша Рибарев за предистражната постапка дали бил злоупотребен АКМИС – системот за електронско распоредување на судските предмети.

Рибарев ја извршуваше функцијата в.д. претседател на Кривичен суд Скопје од мај годинава. Тој се враќа на старата функција како судија во Врховниот суд.