Македонската влада денеска ќе објави мерки против енормното загадување на воздухот, најави министерот за екологија Садула Дураку. Според него, мерките биле скапи и затоа би требало да бидат предвидени во буџетот за да се преземат чекори за намалување на загадувањето на воздухот. Македонските градови секоја есен и зима се задушуваат во смог, а Скопје и Тетово се градови со најзагаден воздух во Европа. Во изминативе 24 часа во Скопје, Тетово и Куманово концентрацијата на канцерогените честички ПМ10 била за пет пати поголема од дозволената.