Предлог-буџетот за 2018 година кој Министерството за финансии го претстави минатата недела, а треба да биде усвоен од страна на Владата и потоа испратен до Собранието, според премиерот Зоран Заев претставува буџет за финансиска стабилизација.
Toj ова го кажа во вечерашната дебата на МТВ организирана во рамки на политиката на Владата за отчетност и транспареност во носењето на Буџетот во фазата на неговата подготовка пред тој да биде изгласан од Владата.
"Ова е буџет за финансиска стабилизација. Продолжуваме и со земање кредити со кои ќе се поддржат само инфраструктурни проекти. Но, она што значи и стабилизација и исправени сме пред покачувањето на акцизата на нафтата од три денари за да може да ги покриеме оние обврски што се значајни за граѓаните, а да не биде само од земање кредити", рече премиерот Заев
Toj појасни дека парите ќе одат за училишта, градинки, библиотеки, за рамномерен регионален развој, капитални инвестиции, за здравството и образованието.
Според Заев, со зголемување на акцизата на нафтата цената ќе остане најниска во регионот. Во Македонија е 0,8 евроценти, во Косово 1 евро, Србија и Бугарија 1,2 евроценти. Со зголемување на акцизата цената ќе изнесува 0,86 евроцентри.
Предлог-буџетот Владата треба да го испрати до Собранието најдоцна до 15 ноември, а како што најави премиерот, тоа може да биде во четврток навечер или најдоцна до 15 ноември