Пратеникот и координатор на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев на денешната прес-конференција во Собранието изјави дека пратениците на вчерашната собраниска седница не гласале за предложените мерки на народниот правобранител, Иџет Мемети, затоа што биле дефокусирани и збунети. Тунтев рече оваа грешка нема да се повтори во иднина.
„Имаше доволно пратеници во салата, но можеби дека беше прва точка, пратениците беа дефокусирани па не гласаа. Ние сме категорично за реформите, веќе се договоривме оваа грешка да биде исправена. Извешатајот на Народниот правобранител со мала формална измена ќе се најде повторно на дневен ред и ќе биде усвоен“, изјави Тунтев.
Пратеникот на ДУИ, Артан Груби, рече дека настанал превид и техничка грешка и оти партиите се договориле да ја исправат грешката
На вчерашната седница, 37 пратеници гласаа „за“, петмина беа „против“ и еден беше воздржан.