Народниот правобранител Иџет Мемети денеска до Владата ќе ги достави мерките за спроведување на препораките за подобрување на состојбите со човековите права и слободи, што тој ги констатирал, бидејќи пратениците не ги изгласаа на вчерашната собраниска седница.
Реакциите од народниот правобранител следуваат откако во Парламентот не беа изгласаа предложените мерки со кои требаше да се задолжи Владата преку носење одлуки и законски измени да ги подобри состојбите во сферата на човековите права
Правобарнителот рече дека вчера на собраниската седница имало кворум, но и покрај тоа Годишниот извештај за состојбата со човековите права и слободи во Македонија и пакетот мерки за нивно подобрување пратениците не беше изгласан.
"Кога се расправаше за извештајот имаше кворум. Само од парламентарите групи кои имаат мнозинство имаше 45 пратеници, а вкупно имаше повеќе. На моментот на гласање имаше повеќе од 60 пратеници, но за жал не беа изгласани мерките", рече Мемети.
Тој смета дека народниот правобранител треба да има најголема поддршка токму од Собранието за да врши контрола врз извршната власт.
"Собранието не успеа да ја одигра улогата што му ја дава Уставот, да биде контролор на извршната власт. Апелирам да не ја испуштаат таквата улога" додаде Мемети.
Народниот правобранител денеска се сретнал со пратеничките групи на СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ, кои како што рече, прифатиле дека требало да ги изгласаа препораките.
Усвојување на мерките наведени во Извештајот на правобранителот од Собранието на РМ и задолжувањето на Владата да ги спроведе прв пат требаше да се случи откако е сменет Законот за народен правобранител, а е препорачано и од експертската група на Прибе