Бугарската Влада ќе гласа за ратификација на Договорот со Македонија

премиерите на Бугарија и на Македонија, Бојко Борисов и Зоран Заев, архивска снимка

Владата на Бугарија денеска треба да гласа за предлогот за ратификација на Договорот за добрососедство со Македонија во бугарското Народно собрание. Договорот беше потпишан на 1 август во Скопје од премиерите на Македонија и на Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, а формално ќе стапи во сила кога ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји. Бугарската вицепремиерка и министер за надворешни работи Екатерина Захариева најави дека се очекува Договорот за добрососедство да биде ратификуван во Собранието на Бугарија до крајот на неделава. Со Договорот се предвидува унапредување на севкупната соработка, а меѓу другото и формирање комисија за историско - образовни прашања на паритетна основа која треба да придонесе за објективно и засновано врз докази научно толкување на историските настани поврзани со двете земји.