Протестен марш против пресудата за „Диво Насеље“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Протестен марш против пресудата за случајот „Диво Насеље“ се одржа денеска од плоштадот „Скендербег“ до Основниот суд-Скопје 1. Демонстрантите извикуваа „УЧК“ и пееја албански песни. Тие бараат меѓународна истрага и обвинија дека целиот случај е испланиран и спроведен од поранешните раководни челници на Министерството за внатрешни работи, Управата за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност.